АМАН БЕ КАЉОПО ЗА ТОА ЛИ РИКАШЕ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ГРУЈЧЕ ДО ВЧЕРА?! Гоца Брк и МВРО-ВМРО им дале дипломатски пасоши на Зврлевски, Калиопи, Вангеловски!!!

0
7323

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Емил Димитриев, Даниела Рангелова, Тони Јакимовски, Илија Димовски, Владимир Пешевски се само дел од лицата кои се опфатени во истрагите и обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, а коишто поседуваат дипломатски пасоши. НОВАТВ дојде до списокот на сите лица за кои што Министерството за надворешни работи издало дипломатски пасоши.

Пасош има и Оливер Андонов, човекот кој беше само еден ден министер за внатрешни на Република Македонија. Иако министер стана на 1 септември, дипломатски пасош добил на 7 септември откако беше разрешен од позицијата министер.

Пасоши имаат и обвинителите Марко Зврлевски, Вилма Русковска, Јово Вангелвоски, поранешниот министер за информатичко општество Иво Ивановски, поранешниот ректор Велимир Стојковски, но и пејачката Калиопи.