(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП, СТАНКОСКИ : Ќе го тужам Александар Николовски за лага и клевета, се работи за доплата на плата од Јануари поради измена на закон за прогресивен данок

0
1423

Се работи за груба манипулација и лага од страна на носителот на листа на ИЕ4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски околу моите примања и НЕТО плата како директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

Би сакал лично да го поканам во увид на документацијата околу моите примања, доколку не се извини јавно за 2-3 дена заедно со момчето кое го одржуваше пресот ќе морам да постапам по институциите. Мојата плата по сите законски регулативи ја одредува менаџерскиот тим односно бордот на директори кој ми изгласуваат менаџерски договор во вредност од 84.000 денари.

Ливчето со кое што мавташе Александар Николовски се однесува на плата од Јануари месец од 2020-та година со што поради измените на законот за прогресивен данок мораше да се случи доплата во Јануари месец за разлика од Декември месец затоа што во систем на УЈП мојата плата не можеше да помине па затоа и таа доплата се случи во Јануари месец а не во Декември.

Ова го изјави директорот на Тутунски Комбинат АД Прилеп, Кире Станкоски по обвинувањата од срана на носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ4, Александар Николовски.