Директорот на БЈБ Тасевски, во уште една успешна акција за борба против дрога! Запленети околу 2,2 килограми хероин во Арачиново и околу 2000 таблети екстази!

0
800

Во текот на денешниот ден, при акција на Бирото за јавна безбедност, на подрачјето на Град Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во куќа, при што се пронајдени и запленети 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги. Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство.

Исто така, денеска околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја. По извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. – Информираше Тасевски.