ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ДЕНЕС ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ КАЈ ВЕЈЦЕ

0
633

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и раководни лица од полицијата денеска кај Вејце им оддадоа почит на загинатите херои во 2001 година.

На 28 април 2001 година во одбрана на таковината животите ги положија хероите- четворица припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и четворица припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски.