Директните прашања до премиерот предизвикале драма во Телма и 24 Вести!

0
1321

ruev v

Последниот прилог што денеска го направи Гоце Михајлоски во улога и на главен уредник на телевизијата 24 Вести беше за вистинските прашања што на премиерот денеска му ги постави новинарката од тв Телма, Јасминка Аневска. Таа директно, како што е професионално и исправно, го праша Груевски како се погледнале во очи со вицепремиерот Ставревски после вчерашата снимка и дали му е лут што во разговорот, Ставрески на Јанкуловска и се исповеда дека сакал телефонот да му го удри од глава на Груевски.

По одличниот денешен прилог на Михајлоски, на изненадување на јавноста, но велат не и за новинарската екипа на телевизијата, тој објави дека се повлекол од позицијата главен и одговорен уредник на 24 Вести. Новинари од телевизијата велат дека врз Михајловски во последно време директорката на телевизијата и програмскиот уредник Зоран Иванов вршеле притисок телевизијата „избалансирано“ да известува за бомбите што ги објавува опозициската СДСМ. Со тоа очигледно не се согласувал Михајлоски и најверојатно тоа е причината за неговото повлекување. Тој свој официјален одговор даде преку Фејсбук.

Денешните директни прашања за премиерот предизвикале и вистинска драма и во тв Телма, пишува Либертас. Во вестите во 15:30 новинарката Јасминка Аневска која го прашуваше премиерот, го објавила прилогот со целосните прашања и одговори. Но на барање на директорот на телевизијата Атанас Кировски истиот бил забранет да оди во вестите на Телма во 18:40 таков, туку претходно бил променет, а од него биле извадени „незгодните“ прашања и оставени само одговорите на Груевски. Директорот наводно порачал дека со такви прашања за премиерот се уривал авторитетот на тв Телма.

Прашањата освен на 24 Вести, денеска беа емитувани и на Алсат-М телевизија.

Останатите национални телевизии – МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа редовно ги премолчуваат „незгодните“ прашања, а досега не пуштиле и ниту една од снимките кои ги објавува Заев, а на кои се слуша за криминал и злоупотреби од власта.