Дипломатите шокирани од одлуката на Иванов, наскоро ќе излезат со реакции

0
1808

Претставниците на дипломатскиот кор внимателно го следеле обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој одлучи да не до додели мандат за формирање нова влада на човек или партија „кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија“, дознава „Мета“.

Амбасадорите и претставниците на меѓународната заедница се длабоко изненадени и шокирани од одлуката на Иванов, особено по нивните апели за неодложно брзо формирање влада со широка политичка поддршка.

Од амбасадите велат дека се во контакт со министерствата на надворешни работи на своите матични земји и во текот на денот или најдоцна утре ќе излезат со реакција.

Иванов во своето обраќање исто така и порача на меѓународната заедница, исто како што не ја осудила платформата на албанските партии, која, како што рече е мешање во внатрешните работи и редифинрање на унитарноста на Македонија, така и сега „треба да се воздржи од наметнување решение кое е државните интереси“.