Дипломатите од Хорхе побарале да не гледа како теле во шарена врата, туку да посредува или да побара помош од ЕУ

0
1143

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“, пренесува Мета.

ivanov-so-ambasadori1-540x301

Според дипломатите, наведува порталот, Иванов би можел да биде покровител на политичкиот дијалог или да побара меѓународно „посредништво за постигнување примирје меѓу двете најголеми политички партии“.

„Првиот предлог на странските дипломати е претседателот Иванов да побара дипломатско посредништво од ЕУ. Вториот предлог е самиот Иванов да биде покровител на политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и другите политички парии за излез од кризата“, пишува „Новините“.