Дипломатите загрижени поради доцнењето во спроведувањето на договорот

0
1194

Потписниците на договорот од Пржино не успеаја да ја исполнат првата обврска. Договор меѓу работните групи за рекомпонирање на составот на Државната изборна комисија, кој требаше да биде постигнат до утре нема да има и се одлага за крајот на август, пренесе Телма.

sredba

Прецизирање на агендата за работа и разгледување на неколку модели и размена на предлози е единствениот исход од трите средби на пртеговарачките тимови досега, што кај европските дипломати во Скопје предизвикува се поголема загриженост околу реализацијата реформските обврски од договорот за излез од политичката криза.

Дипломатите се обесхрабрени што, како што велат, состаноците на работните групи не даваат брзи резултати, времето се троши на јалови дискусии. Разочарани се и што во однесувањето на партиите се уште не препознаваат вистинска политичка волја да се фатат во костец со бројните прашња за кои треба конретни решенија, а како што оценуваат, најкомплицираните прашања – допрва претстојат.

Брисел и САД го поддржуваат процесот и со експертска помош.

Освен белгискиот експер Питер Ван Хојт во Скопје дојде и поранешниот шеф на ирското обвинителство Џејмс Хамилтон. Но експертската помош што се нуди, велат дипломатите кои инсистираат на анинимност не е доволна за напредок без вистинска волја и конретен ангажман на партиите.

Како најкритични прашања диплоамтите ги оценуваат – формирањето на специјалното обвинителство, именувањето нов министер за внатрешни работи, пречистувањето на избирачкиот список и состојбата со медиумите.