Димитров: „Со по многу параметри, историската одлука од март оваа година, Северна Македонија оствари уште една своја стратешка цел и со подготвеност и амбиција го очекува конкретното отворање на пристапните преговори“

0
618

Во рамките на последниот настан од Претседавањето на Приштина со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денес министерот за надворешни работи Никола Димитров преку видео-конференција учествуваше на годишниот состанок на ниво на министри за надворешни работи.

МНР Димитров: „ПСИЈЕ е цврсто вкотвен во евроинтегративните аспирации на сите земји партнери која како една од најстарите регионални иницијативи досега дала голем придонес за обезбедување на мир, стабилност и економски просперитет во Југоисточна Европа. Со, по многу параметри, историската одлука од март оваа година, Северна Македонија  оствари уште една своја стратешка цел и со подготвеност и амбиција го очекува конкретното  отворање на  пристапните преговори.“ 

Фокусот на дискусиите беше насочен кон изнаоѓање на начини за интензивирање на регионалната соработка во време кога Европа и светот се соочуваат со последиците од КОВИД-19 пандемијата, како и кон приоритетите посветени на воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата и зачувувањето на културното наследство.

На состанокот  се потврди посветеноста на земјите од ПСИЈЕ кон унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности.

Покрај хомолозите, на видео-конференцијата учество земаа и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и Мелинда Брегу, генералниот секретар на Советот за регионална соработка.