ДИМИТРОВ НА СРЕДБИ СО АМЕРИКАНЦИТЕ: ШАРМЕРОТ ЛОБИРА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ШТО ПОБРГУ ДА ГО ИЗГЛАСА ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО!

0
1004

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Соопштение до средствата за јавно информирање

РАБОТНА ПОСЕТА НА МНР ДИМИТРОВ НА ВАШИНГТОН

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера, во Стејт Департментот имаше средба со помошникот државен секретар за Европа, Вес Мичел. Министерот Димитров го запозна со актуелностите врзани со имплементацијата на Преспанскиот договор, како и претстојните активности околу ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО. Притоа, МНР Димитров го изрази очекувањето дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во Сенатот на САД. Помошникот државен секретар Мичел оцени дека склучувањето на Преспанскиот договор и неговото извесно стапување во сила, проследено со  зачленувањето на Република Македонија во НАТО, се историски мигови на исклучителни постигнувања, со кои нашата земја треба да се гордее. Посебно го нагласи очекувањето дека овие постигнувања ќе имаат позитивно влијание врз стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Во Белата куќа, министерот Димитров се сретна со директорите во Советот за национална безбедност на САД: за европски прашања, Вилијам Беркли и за НАТО, Маркус Томи. И на оваа средба беше разговарано за претстојните активности во контекст на евро-атлантската интеграција на Република Македонија и натамошната поддршка од САД во тој контекст.

Министерот Димитров имаше и одделни средби со претседателот на Националниот Демократски Институт (НДИ), Дерек Мичел, со заменикот извршен  директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Џуди Ван Рест, како и со директорот од Фондацијата Херитиџ, Лук Кофи, на кои беа разгледани можностите и перспективите за натамошната соработка со овие реномирани институции.

Во текот на денешниот ден, МНР Димитров ќе има средби со ко-претседавачот на Комитетот за безбедност и соработка во Европа и член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, сенаторот Бен Кардин и со извршниот потпретседател на Атлантскиот Совет на САД, Дејмон Вилсон. Попладневно, министерот Никола Димитров ќе има обраќање во Атлантскиот Совет пред експерти, претставници на невладини организации и дипломатската заедница во Вашингтон.

Скопје, 5 февруари 2019 год.