Димитров: На овие избори да ставиме точка на последните рецидиви на режимот што доведе до тоа Европската комисија да нè нарече „заробена држава“

0
1052
Носителот на изборната листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров вечерва за „Дневникот“ на Сител телевизија изјави:
Македонската нација во моментов нема вистински избор. Единствена надеж и одлучност, да го завршиме тоа што го почнавме, да ја ставиме државата на шини и да ја закачиме за локомотивата што оди напред, е СДСМ под лидерството на Зоран Заев.
Таму каде што можеби моравме побрзо да одиме напред, на пр. прашањето за правдата, главниот проблем е што ДПМНЕ даваат привид дека се политичка опција. Овие избори мора да стават точка на тоа што го почнавме како јавност во 2015-2016 год, да ставиме точка на последните рецидиви на тој режим што доведе до тоа Европската комисија да нè нарече „заробена држава“.
Во однос на својот противкандидат, Димитров рече: „Г-ѓа Сиљановска дава еден вид обланда на нешто што е исклучително труло. Да се зборува за правда со сериозен израз без иронична насмевка, а да се биде номиниран од ДПМНЕ е нешто неспоиво. Имаат кандидати што поштарот не може да ги најде дома да им даде покана за суд. Треба човек да води прецизна евиденција за да знае кој со каков кривичен случај и обвинение располага. Тоа е партија што за да бега од одговорност и од правда, имаше обид за државен удар со нападот на Собранието и народните пратеници, на 27 април.“
Ние направивме еден неверојатен пресврт, бидејќи кога ја презедовме одговорноста, од Европската Комисија имавме оценка на заробена држава. Тоа значи дека моќта е во еден човек. Последниот извештај пак на ЕК, вели дека имаме добар напредок, меѓу другото и во владеењето на правото, објасни Димитров во однос на драстичните разлики во оценките на ЕУ во нивните извештаи што нашата држава ги добиваше пред и за време на владеењето на СДСМ.
Како потписник на Преспанскиот договор, кој е актуелно прашање и на овие избори, Димитров нагласи:
„Јас ќе продолжам да објаснувам што е Преспанскиот договор. Тоа е договор  којшто не’ зачлени во НАТО, ни ги отвори вратите за европска иднина, го затвори нашето регистрирање во ОН со нашата лична карта и со зборовите на медијаторот Нимиц: „после Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.“ Преспанскиот договор е успех подржан од целиот свет, додаде Димитров.