ДИМИТРОВ И ЗАХАРИЕВА НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ: НИЕ ДА ЈА ПРИЗНАЕМЕ ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА, ТИЕ ДА ГО ПРИЗНААТ НАШИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ!

0
1023

Од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, а истовремено ние да ја признаеме нивната реалност во моментов, вели шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Таа за бугарската телевизија Канал 3 истакна дека Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите.

– Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а во исто време ние треба да ја признеме реалноста во моментов – вели Захариева во врска со условите под кои Бугарија би ја поддржала земјава.

Запрашана дали е можно бугарско вето поради прашањата за историјата и јазикот, истакна дека тоа не е интерес на Бугарија.

– Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат. Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес – изјави Захариева.