Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ВО ЧИКАГО

22 април 2025, Скопје

– Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.

На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека подддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата татковина.

„Успешни бизнис приказни на наши иселеници во Чикаго. На средба со дел од Македонците кои основале и имаат сопствен бизнис во Чикаго ги слушнав нивните искуства за водење бизнис во таа средина, а некои имаа интерес за условите коишто ги создаваме тука во Македонија за водење бизнис.

Економијата е наш приоритет за кој говорев на средбите и дека поддршката од Владата е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија. Како поддршката кон домашните компании, така кон странските инвеститори, така и кон нашите иселеници кои сакаат да инвестираат во својата татковина“, стои во објавата на министерката на нејзиниот ФБ профил.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ