ДИМИТРИЕВСКИ : ПОСТАВЕНА Е НОВА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДА НА ЦЕЛИОТ ОБЈЕКТ НА ГИМНАЗИЈАТА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО КУМАНОВО

0
760
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека
поставена е нова енергетско ефикасна фасада на целиот објект на
училиштето СОУ Гимназија “Гоце Делчев” во Куманово и училишната спортска
сала.
„Продолжуваме со вложување во училиштата со цел подобрување на условите
во образовниот процес, за сите ученици и  вработени во средните и
основните училишта во Куманово. СОУ Гимназија “Гоце Делчев” доби нова
енергетско ефикасна фасада на целиот објект и училишта спортска сала. Ги
заменивме сите стари прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци.
Целосно е заменет стариот кров со нов кров на училишниот објект и
училишната спортска сала. Ја реновиравме внатрешноста на училишната
спортска сала, поставивме нов систем за греење во неа и нова спортска
подлога. Изградивме ново спортско игралиште со тартан подлога и трибини
во училишниот двор. Заменети се врати на канцелариските простории и
училници, реконструирани се подни површини во училниците, како и
санитарните јазли во училиштето“, потенцира Димитриевски.
Тој истакна дека во изминатиот период реализирани се над 400 проекти, од
кои над 160 се имплементирани во секторот образование.
Димитриевски посочи дека и во сегашниот мандат општината продолжува
неуморно да работи уште повеќе и подобро на сите полиња, сите заедно за
наше Куманово.
Со почит,