ДИМИТРИЕВСКИ : ГО ПОДОБРУВАМЕ ЖИВОТОТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРЕКУ ПРОЕКТ ПОДДРЖАН ОД АВСТРИСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД

0
409
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во
просториите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост
присуствуваше на презентацијата за досегашните проектни активности на
центарот преку кои старите лица и лицата со попреченост имаат можност за
институционално сместување во Дом или друг вид институција и со помош од
обучен неговател можат нормално да живеат во своите домови.
Овој дневен центар е носител на проектот за домашна посета, помош и
поддршка на стари лица и лица со попреченост во нивните домови, а негов
партнер е ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“. Домот учествува со
инфраструктурна контрибуција и со интенција за збогатување на своите
услуги и преземање на еден ваков сервис за потребите на Општина
Куманово. Проектот е финансиски целосно поддржан од Министерството за
труд и социјална политика на Австрија.
Димитриевски, ја поздрави иницијативата и добиениот проект од страна на
здружението „Порака наша“.
„Денеска сме тука во Центарот за грижа на лица со попреченост „Порака
наша“ – Куманово. Сакам да ја поздравам иницијативата, а воедно и
добиениот проект од страна на здружението „Порака наша“. Домот за стари
лица „Зафир Сајто“ во делот на имплементација на проектот, а тоа е грижа
и домашна асистенција на ваква категорија на граѓани, којашто е целосно
поддржана од Амбасадата на Австрија, или конкретно од Министерството за
труд и социјала на Австрија во износ од некаде 80 илјади евра. Овој
проект треба да се имплементира, да почнува и да заврши некаде на крајот
на месецот февруари 2023 година. Во меѓувреме, општина Куманово заедно
со здружението ќе се погрижи да стапи во контакт со нашето ресорно
министерство и да побара дополнителни средства во дел на одржливоста на
самиот проект. Ова ќе биде од големо значење за сите нас, бидејќи знаете
дека кога зборуваме на оваа тема за наши сограѓани тоа е една табу тема
која не се дискутира многу во јавноста. Ги охрабрувам граѓаните и
семејствата кои се соочуваат со вакви проблеми и имаат дома наши
сограѓани со попреченост да сметаат и на општината и на невладините
здруженија во градот, бидејќи наша обврска е да преземеме што можеме
повеќе и да имплементираме што поголем број на проекти и да им го
олесниме животот“, рече Димитриевски.
Во рамките на проектот набавено е моторно возило за реализирање на
посети на сите локации, апарати за мерење крвен притисок и униформи.
На проектната презентација покрај градоначалникот Димитриевски,
присуствуваше и претставник од Министерството за труд и социјална
политика на Австрија, како и координаторот на Фондацијата „Каритас
Македонија“ Спасе Спасов.
Со почит,