Димитар Стевананџија – од обесправен наставник, до дебело „нафатиран“ народен пратеник

0
2614

Ретко кој знае дека пратеникот Димитар Стевананџија до 2002-2003 година се презиваше Стеваноски, како што впрочем и денес се презиваат неговите родители. Не е познат мотивот поради кој Димитар Стеваноски го променил сопственото презиме, иако најлогичен е оној кој има врска со егото и со враќањето на статусот „анџија“.

Овој „заколнат“ патриот денес е познат по своите „патриотски“ настапи и жестоката реторика на собраниската говорница и социјалните мрежи, од каде шири говор на омраза, а граѓаните ги дели поделби на патриоти и предавници т.е „кодоши“ како што тој милува да ги нарекува. Во исто време својата политичка кариера Стевананџија ја има градено во сосема поинаква насока од неговата наводна декларираност на заколнат „патриот“.

Да се потсетиме: со неговиот глас „ЗА“, беше донесен Законот за амнестија на „Хашките случаи“, со неговиот глас „ЗА“ командантот на УЧК Талат Џафери беше избран за министер за одбрана. Истовремено од функцијата на пратеник Стевананџија ги надополнуваше и материјалните вредности преку наплатата на високите патни трошоци на релација Прилеп-Скопје. Само во периодот 2012-2015 година по таа основа од Собранието на РМ му се исплатени околу 60.000 евра, иако во Скопје во негова сопственост има стан како и друг имот кој и денес го нема пријавено до Антикорупциската комисија.

stevanandzija-trosoci-768x394

Од сите оние снимени разговори слушнавме дека во ВМРО-ДПМНЕ предност им се дава на најсуровите партиски извршители кои беспоговорно ги извршуваат наредбите и целите на лидерот. Во тој контекст останува да го обелодениме примерот на Стевананџија, како во далечната 2002 година преку методот „Поплукај ги за да те забележат пред да им се придружиш“, овој пратеник бил жесток противник на ВМРО-ДПМНЕ.

pismo-vo-vest

Како што самите можете да прочитате од писмото кое Стевананџија, тогаш сеуште Стеваноски, го испратил до весникот „Вест“, тој реагира на начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ги менаџира состојбите во прилепското образование.

Само неколку месеци после објавувањето на писмото, тој станува член на ДПМНЕ и веднаш се вклопува во нивниот систем на функционирање. За брзо време се вработува како професор по Македонски јазик во прилепската Гимназија, а ја вработи и неговата сопруга Јулија Стевананџија како д-р по стоматологија во „Здравствен дом“- Прилеп.

На крајот на денот, ако партиската припадност значи припадност кон определена  идеологија, тогаш Вие, читателите, сами оценете дали овој човек и таквите како него станале членови на ВМРО-ДПМНЕ поради идеологијата, или поради личниот интерес?

Линк до писмото на Стевананџија објавено во дневниот весник „Вест“

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=54814&idg=3&idb=745&rubrika=Po%7Bta

Извор : Публикум.Мк

Сиже на ,,Народен Глас”

На фотографијата се наоѓаат спикерот на собранието Трајко Велјановски (со бело капче и црна цвикера)  веднаш до него со брадата е пратеникот од Прилеп, Димитар Стевананџија, оној кој ја изгласа амнестијата за хашките случаи по договор на Груевски и Ахмети во мајскиот договор 2013-та и спроти нив е синот наркоман на Трајко Велјановски кој е фатен со дрога на грчкиот граничен премин Евзони. Само не се знае дали оваа фотка е во Банско во Бугарија или пред ГРУПНА турнеја во Халкидики.

Stevanandzija i Trajko