ДИК ја одложи теренската проверка на спорните гласачи

0
1008

Државната изборна комисија денеска го одложи почетокот на теренската проверка на Избирачкиот список, бидејќи целата процедура не била целосно завршена. Засега не се открива за кога е одложен почетокот на проверката.

Според најавите ДИК од денеска па до 3 април требаше да врши теренска проверка на 89.383 гласачи, кои по вкрстената проверка од 10 државни институции се покажаа како спорни.

Комисијата претходно соопшти дека бришењето на податоците ќе се врши по три основи, односно на барање на граѓани, на барање на политички партии и по службена должност, преку управна постапка.

По вкрстената проверка на базите на податоците од десет институции и МВР, утврдено е дека 1,5 милион лица имаат право на глас. Лицата кои се на привремена работа во странство ќе може да го искористат своето гласачко право, но ќе треба да се пријават или во амбасадите и конзуларните претставништва, или да се стават на посебен избирачки список тука во Македонија.

Во рамките на проверката на Изборчакиот список, почната е и информативната кампања „Отворени врати“, а ДИК и ги објави официјалните беџови што ќе ги носат анкетарите кои ќе одат од врата до врата.