ДИК утре сабајле ќе каже што откриле теренските проверки

0
974

Државната изборна комисија (ДИК) утре на јавна седница ќе соопшти кои ќе бидат следните чекори по завршената теренска проверка. Адмир Шабани од тимот за односи со јавност на ДИК за порталот Сакамдакажам изјавил дека седницата е закажана за 10 часот.

Ќе се разгледува извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список заклучно со денеска.

Изминува вториот ден откако е пробиен начелниот рок што членовите на ДИК си го поставија за завршување на теренската проверка.

По разни основи со вкрстување на податоците од 10 бази на државните институции, во избирачкиот список се појавија речиси 300.000 спорни записи на гласачи. Државната изборна комисија одлучи за речиси 90.000 записи да направи теренски проверки, а другите записи се проверуваат административно.

Извор: СДК