ДИК: Заврши вкрстената проверка, неделава почнуваат подготовки за на терен

0
872

Државната изборна комисија ја завршила вкрстената проверка на податоците и извештајот од добиените податоци ќе го разгледа на седница в среда.

Како што соопштуваат до ДИК веднаш потоа ќе започнат подготовките за спроведување на теренската проверка.

Предмет на ваква проверка ќе бидат и дел од нерегуларностите кои ги пријавиле граѓаните, додека другите ќе се проверуваат преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.

Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на својата веб страна до денес околу 5.000 граѓани пријавиле проблематични случаи во однос на податоците.