ДИК: Вкупно 2.137 спорни гласачи го регулирале своето избирачко право

0
910

До Државната изборна комисија денеска до 12 часот се пријавиле вкупно 2.137 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 817 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.320 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Најмногу од пријавените се од општина Чаир по што следат општините Тетово, Аеродром и Сарај.