ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО : Саше Политико нападнат од 2 маскирани лица со шипка, повредена глава со видни расекотини по неа!

0
993

Саше Ивановски – Политико, сопственик на порталот Мактел и жесток критичар на власта, вечерва бил нападнат во влезот од неговата зграда, дознава Либертас. Според информациите, нападот го извршиле две лица со шипки.

sashe-ivanovski

Ивановски одел кон влезот од зградата, кога двајцата кои носеле качулки на главата, го нападнале со метални шипки. Неколку пати го удриле по главата, а тој се бранел користејќи ја чантата која ја носел со себе, по што почнал да бега.

По нападот Ивановски е пренесен во Градска болница со Брза помош.