ДЗС: ПОПИСОТ СЕ ДОВЕДУВА ПРИ КРАЈ, ПРАВИМЕ НАПОРИ НИКОЈ ДА НЕ БИДЕ ПРОПУШТЕН ПРИ ПОПИСОТ

0
593

Попис 2021
28. септември 2021

Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки.

Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.

Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за Попис.