ТИПАЦОТ СО ПУЦВАЛ КОСА СО 7.000 ЕВРА ЗА КАФИЊА, МИНИСТЕРОТ РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ МИНИСТЕР ОД БЕСА

0
1819

Беса на Африм Гаши го предложи  Асаф Адеми за нов министер за култура во Владата, потврдија од партијата за НОВА ТВ. Адеми е поранешен амбасадор во Данска и бил кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА. Во моментов, тој е генерален директор на данска компанија.

БЕСА го доби министерството за култура како дел од договорот меѓу Заев и Гаши за проширување на владината коалиција.

По веста дека актуелниот министер за култура Роберт Алаѓазовоски ќе биде реконструиран, повеќе културни работници покренаа онлајн – петиција: „НЕ –за културата на продажба, НЕ- за културата да ја води партија, туку професионалците од полето, НЕ – за манипулација и партиски пресметки преку културата“.

Тие сметаат дека културата мора да доживее реформи, да ја обнови јавната сфера која е дерогирана и пропадната. Културата и институциите мора да бидат автономни,  а уметноста ослободена.

Освен БЕСА, во Владата ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој ќе добие позиција во пониските ешалони на власта. ДПА  одлучи да ги номинира Бардил Даути, професор по економија на Тетовскиот Универзитет за министер за инвестиции и д-р Митасим Беќири за заменик министер за транспорт. Беќири е професор по казнено право и казнена политика на ФОН.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска кажа дека очекува за кусо време да се финализира реконструкцијата на Владата.

„ Нашите клучни решенија се познати, меѓутоа во овој момент имаше приоритет прашањето околу преговорите со Грција. Очекувам за кусо време да се финализира реконструкцијата на Владата“ рече Шекеринска.