ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗАСЛУЖУВААТ ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ КОНДОВСКИ ЌЕ ЛОБИРА КАЈ БИЗНИС СЕКТОРОТ

0
630

Децата со посебни потреби заслужуваат достоинствени услови за живот и образование. Сите општествено одговорни чинители се должни да помогнат во обезбедување на подобри услови за нив и нивните родители. Време е стандардите да се подигнат, вели Христо Кондовски, бизнисмен и кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

– За ова денеска разговарав со претставници на Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука Битола“, кое покрај психолози вклучува и родители на деца со ПОП и други одредени потешкотии во развојот. Со пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска се согласивме дека и локалната и централната власт мора да го помогнат процесот на инклузија на овие лица, покрај другото и со обезбедување на простор за непречено одвивање на нивните едукативни активности. Силно ќе лобирам и кај бизнис секторот за поддршка за опремувањето на ресурсни центри за децата со посебни потреби – вели Кондовски.