ДЕЦАТА НА ТРАНЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ГЛУПАВИ, ПРОФЕСОРЕ

0
3954
Професоре, не ве личи да играте со зборови околу поимот “коалицирање”, правник сте. Во политиката секој взаемен интерес кој вклучува меѓу партиски договарања по било кое прашање се нарекува коалицирање.
И тука не се прави разлика помеѓу коалицирање од привремен или траен карактер ами суштински може да се однесува само на предметот на политички интерес (кој или го има или го нема).
Вие до пред неколку денови како лидер изнесовте политички став дека Левица нема да коалицира со ВМРО а сега го менувате политичкиот став со изговор дека тоа се прави за да се симне злото ДУИ и СДСМ, па од тука оправдано се поставува прашањето дали своите цели можете да ги постигне само преку договор/коалиција со исто толку големо зло (ВМРО)?
Пишува : адвокат Жарко Стеваноски.