ДЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ: Сериозни инциденти во Атина, протестите не беа масовни но беа многу насилни, демонстрантите сакаа да влезат во Парламентот

0
1204

Сериозни инциденти се случија за време на протестот против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент, повредени се најмалку 15 лица меѓу кои и еден фоторепортер, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите ги предизвикаа групи маскирани лица, веројатно припадници на радикално десничарски групи и организации кои пред грчкиот Парламент ја нападнаа полицијата со разни предмети и пиротехнички материјали, обидувајќи се да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до дворот на Парламентот. Полицијата одговори со шок бомби и солзавци, а инцидентите набргу се проширија и низ улиците околу Парламентот.

Маскираните лица скршија и заштитна ограда од Парламентот, а фрлија и молотови коктели. Полицијата континуирано фрлаше солзавци.

Инцидентите се случија токму пред грчкиот Парламент, во горниот дел од плоштадот Синтагма, додека пак во долниот дел, онаму каде што беше поставена бината од организаторите и покрај созавецотм, на присутните паралелно им се обраќаа поканетите говорници.

Инцидентите траеа повеќе од два часа, а не ги прекина ниту дождот.

Како што претходно објави МИА, грчата полиција соопшти дека на протестот учествуваа околу 60 илјади граѓани.

Се огласија и од кабинетот на Ципрас наведувајќи дека, за жал, уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница.