Дерала: Ќе го тужиме Сител, не сме зеле 500 000 туку 10.909 евра од Сорос

0
1134

Невладината организација„Цивил“ и Џабир Дерала ќе ги информираат сите меѓународни организации и ќе ги преземат сите законски мерки за да се одбранат од невистините што ги изнесува телевизијата „Сител“, а особено за сумата пари со кои, наводно, се финансирани од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија.

derala 1

– Ова е еден бескрупулозен атак за да се дискредитира и да се исфрли „Цивил“ од политичкиот процес, како организација која работи на надминување на политичката криза и на подобрување на човековите права и слободи. Овој атак е насочен врз нашата организација за ние да бидеме исклучени од набљудувачкиот процес во изборите во април идната година и, секако, за да се замачкаат сите криминали кои се случуваат секојдневно во Македонија, а чии носители се токму стопаните на овие новинарки и новинари, кои работат во медиумите што се контролирани од власта – рече Дерала.

Тој презентираше дел од проектите и од донаторите во периодот од четири години, од 2011 до 2014 година, меѓу кои се Швајцарската агенција за развој и соработка, Американскиот фонд за Балкан, ОБСЕ, УСАИД, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Германија, Амбасадата на САД и други.

– Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија за овие четири години се појавува двапати како донатор на проекти, со вкупна сума од 10.909 евра. Што се однесува на сите други средства, тие се добиени од овие донатори и се наменети за проекти што ги спороведуваме за да се откријат изборните измами, за да се откријат становите кои не постојат, гласачите кои не постојат, операцијата „Пустец“, демографската интервенција, секојдневното кршење на човековите права, слободи и на достоинството на граѓаните, по сите можни основи, токму од институциите што ги киднапираа партиите на власт и сега стопанисуваат – рече Дерала.