ДЕНОТ КОГА ОВОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЗАТВОР ЌЕ БИДЕ НОВ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, ЌЕ СЕ ВИКА ПРАВДОЈАВЛЕНИЕ – Вангеловски на обвинителна клупа на 25 септември: Како ја изземал Неделкова

0
1242

Донел поединечни решенија за додатоци за плата за ноември 2018 година за сите судии, но не и за судијката Лидија Неделкова. Поранешениот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски треба да седне на обвинителна клупа на 25 сепетмври, а ова е дел од делото за кое е обвинет. Тој всушност треба да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, а предметот се паднал кај судијката Даниела Алексовска-Стојановска, потврдиле од Кривичниот суд за „Фокус“.

Медиумот објавува дека пред два месеци на крајот на 2018 година Вангеловски донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 отсто од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Со изземањето на Неделкова свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа, велат од обвинителството.