ДЕНЕС ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЦУК ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТО СЕ ОДРЖА ВЕЖБА ,,СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА”

0
743

Денеска во Центарот за управување со кризи се одржа подготвителен состанок за претстојната вежба „Северна Македонија 2021“, што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) ќе се одржи во периодот од 20 – 24 септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга.

На состанокот директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на вежбата, д-р Урим Вејсели, заедно со номинираните лица од ЦУК коишто ќе учествуваат на вежбата, ги договорија претстојните активности за успешно реализирање на истата.

Ова е досега најголема и најзначајна цивилна НАТО вежба во Р.С Македонија, којашто поради состојбата со пандемијата од „Ковид 19“ истовремено ќе се одвива и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи ќе биде домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Од самиот почеток, па се до крајот на вежбата ќе бидат поканети и средствата за јавно информирање, преку кои јавноста ќе биде информирана за текот и сценариото кое ќе се одвива на подрачјето на Охрид и Струга.