Денеска исплатени дополнителни субвенции за грозје

0
1101

Почитувани лозари,

Ве информирам дека денеска може да си ги подигнете парите за дополнителните субвенции од два денари за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по овој основ исплати вкупно 104,7 милиони денари.

Продолжуваме со истото темпо, навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога Ви се најпотребни.

Љупчо Николовски, фб пост