ДЕНЕСКА ВМРОВЦИТЕ СЕ НАДМИНАА СЕБЕСИ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ – (ВИДЕО) Костовски, директорот на Службен весник, ДЕМАНТИРА дека бил приведен од полиција

0
898

Мартин Костовски, директорот на Службен весник, преку видое порака од својот Фејсбук профил ја демантираше информацијата која се рашири попладнево на социјалните мрежи, односно дека бил приведен од полицијата заради наводен обид за изборен фалсисикат.

Костовски видео-пораката ја снимил во изборниот штаб на коалицијата „Можеме“ додека ги извршувал своите активности, a информацијата ја декларира како фејк-њуз од добро познатата кујна на ВМРО-ДПМНЕ.

“Евидентна е паниката, пуштаат секакви шпекулации, дезинформации, шират лаги и невистини. Сакам да ја информирам јавноста дека цело време сум во изборниот штаб и дека работиме. Ни остануваат уште три и пол часа до завршувањето на најдемократскиот изборен процес во Северна Македонија” – изјави Костовски.