Демократски сојуз: Ахмети и Груевски да ги смират тензиите меѓу граѓаните

0
828

Демократскиот сојуз повикува на разумно однесување од сите граѓани без разлика на политичката и етничката припадност во врска со актуелните тензии во Бутел.

ДС бара лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети да излезат на местото каде што се поставени шатори и има насобрани лица кои насилно ги срушија темелите каде треба да се постави крст, да повикаат на разум и со тоа да се спречат можни судири со тешки последици по стабилноста, мирот и безбедноста на државата.

„Поставувањето на национални и верски симболи, со цел да се печалат предизборни поени е крајно неодговорно и против интересите на граѓаните и државата. Наместо протести и судири помеѓу партиските војници, инсистираме, за поставување на двоглавиот орел и крстот да одлучат државните институции.Го повикуваме МВР да спречи директен контакт помеѓу спротивставените страни и насилно однесување“, реагираат од ДС.