Демократскиот сојуз е одлучен да се бори против дискриминацијата, сегрегацијата и стереотипизацијата, во насока на унапредување на интеграцијата на ромската заедница во општеството и еднаков третман

0
861

„Демократски сојуз на сите припадници на ромската заедница им го честита, 8-ми април, Меѓународниот ден на ромите, со желба за многу повеќе разбирање и можности за нив. Денес се слави и богатото културно наследство на ромите и нивниот придонес во развојот на општеството.

Наша цврста определба е еднаквоста пред законот и недискриминацијата, како темелни вредности на Република Македонија. Сепак, ромите немаат еднаков пристап до работните места, образованието, домувањето и здравствената заштита. Фактот дека ромските деца често немаат пристап до ист квалитет на образование како другите деца, го продолжува кругот на сиромаштија. Ромските деца заслужуваат еднакви можности за образование како и нивните врсници, а ромските фамилии заслужуваат да живеат без страв за својата егзистенција и подеднакво со другите да се вклучат во развојот на демократијата и создавање на еднакви можности за сите.

Демократскиот сојуз е одлучен да се бори против дискриминацијата, сегрегацијата и стереотипизацијата, во насока на унапредување на интеграцијата на ромската заедница во општеството и еднаков третман. За таа цел потребна е стратегија која ќе содржи активности кои се залагаат за социо- економска инклузија на ромите“, се вели во честитката на Демократскиот сојуз.