ДЕМАНТ ОД ВИЦЕ ЗАЕВ ЗА ПРЕСОТ НА МИЦКОВСКИ: Мојата фирма ја продаде целата механизација која ја имаше, но и претходно па и сега никогаш не сме работеле нити директно нити индиректно со РЕК Битола!

0
2501

Почитувани,

Во врска со изнесените лаги од страна на Христијан Мицкоски, кои се однесуваат на наводна работа на механизација која е сопственост на Тотал инџинеринг во РЕК Битола, ја известуваме јавноста дека единствената вистина е следнава:
Тотал инжинеринг, водејќи се од принципиелни и објективни причини и со цел да оневозможи каков било конфликт на интерес при својата работа, неодамна изврши продажба на севкупната механизација (камиони, багери, ваљаци, булдожери и останато).
Тотал инжинеринг нема никаков деловен однос со компанијата која Мицкоски ја наведува, во обид да конструира непостоечки лажен случај.
Затоа, уште еднаш потенцираме дека механизацијата на Тотал инжинеринг, ниту пред продажбата, ниту после тоа, не била и не е ангажирана во ниту една постапка во РЕК или во која било друга државна институција.
Оттука, лажните обвинувања на Мицкоски ги сметаме единствено за низок, непромислен и неуспешен обид на неговата партија да го извалка името на премиерот, неговите роднини и компанијата Тотал.
За изнесените невистини ќе следува соодветна судска постапка, а во меѓувреме јавно ги повикуваме институциите (обвинителството и финансиската полиција), но и сите невладини организации кои се занимаваат со отчетност и транспарентност, да ги истражат детално обвинувањата на Мицкоски и јавно да се произнесат дали Тотал инжинеринг има каква било индиректна или директна релација со евентуални тендери во државни или јавни институции.
DGI
Total inzenering dooel Strumica
Управител,
Вице Заев