ДЕМАНТ ЗА НАЈНОВАТА ШПЕКУЛАЦИЈА ЗА ВИЦЕ ЗАЕВ – МИЛЕНКО СТАНА ГЛАВЕН ИЗВОР НА ЛАЖНИ ВЕСТИ: Oткако го затвори кавадаречки Дрекселмаер, сега го продаде и скопски Мериот и тоа за чисто џабе!

0
1886

Миленко објави денеска една бомба која масовно се шири на социјалните мрежи и по некои портали:

Но сепак се работи за една лажна вест која нема врска со вистината. Еве зошто, од извори блиски до Заеви и од извори блиски до менаџментот на хотелот, дознаваме:

1. Како прво, Мактел дознава дека хотелот Мериот е ставен под хипотека во една голема македонска банка на сума од 35 милиони евра! Дури и некој да го земе на подарок хотелот, кој ќе ги враќа овие огромни суми?!?!

2. Хотел од таков калибар не може да смени сопствеништво без тоа да се дознае, самите над сто вработени во хотелот тоа ќе го дознаат да не збориме за разни централни регистри, УЈП итн, не е тоа точак па да му го дадеш на некој да го вози, се работи за најскапиот хотел во земјава.

3. Заеви бегаат од Сашо Мијалков како ѓавол од крст, не сакаат да имаат ништо со него од многу причини. Секое поврзување со него им носи негативни поени и они не би сакале да се сретнат во исто време во ист дел на градот а не пак да тераат некакви бизниси заедно.

4. Заеви немаат потреба од такви на ти го дај ми го ујдурми, Заеви не се Мијалков и Груевски кои вледоа во политиката како голтари а излегоа како мулти милионери, Заеви се милионери уште пред 10-20 години и тоа со извоз на краставици и ајвар по цел свет и со продажба на цигли на приватни градители низ целата земја, нема тука никаков криминал, да имаше досега Вице и Зоки ќе беа на 100 години робија, но немаше за што да ги фатат, работеа чисто и педантно.

5. Заеви не играат нечисто со такви уцени, ќе ти земеме нешто за да добиеш нешто, тие се чесни играчи, никого немаат ограбено, на никого му немаат наштетено, и токму поради тоа во Струмица сите ги сакаат а сега таа струмичка енергија се шири низ целата држава, затоа што зад себе оставаат пријатели, задоволни клиенти, никој не е оштетен, за разлика од Сашо и Грујо кои каде стапнале трава не никнува!

6. Точно е дека Сашо Мијалков барал купувачи на хотелот со цел да не прави загуби затоа што проценил дека хотелот нема да работи толку рентабилно кога го поврзуваат со неговото име па со тоа властите и бизнисмените повеќе ќе го преферираат Александар Палас и новиот Хилтон, но му барал висока цена и поради хипотекарната изложеност многу малку домашни бизнисмени биле заинтересирани за хотелот, па повеќе се фокусирал на странски инвеститори кои би го купиле хотелот.