Дел од осомничените за акцијата во Куманово пред јавен обвинител, одбиле да дадат исказ

0
903

Шестмина од осомничените за случувањата во Куманово кои се наоѓаат во притвор во Шутка а денеска беа изведени на распит пред јавен обвинител одбиле да дадат исказ. Тие не сакале да проговорат бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството и на тој начин тврди нивниот адвокат Насер Рауфи се прекршува постапката, објави 24 Вести.

kumanovo_operacija-540x406

Нивната одбрана и досега реагираше зошто толку е одолговлечена постапката, а по разговорите со дел од уапсените изразија и сомнеж дека тие се жртви на вработени во УБК. Осомничени се за тероризам а свој исказ ќе дадат откако ќе направи увид во доказите и нивната одбрана.

Испрашувањето на осомничените во обвинителеска истрага доаѓа повеќе од два месеци откако тие беа уапсени кога беше спроведена полициската акција на 9-ти мај во кумановско Диво Насеље.