ДЕБЕЛО ДОСИЕ ЗА НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА УЈП АНАСТАСИЈА ИЛИЕСКА

0
3018
Крајот на ВМРО-ДПМНЕ се наближува. Нови скандали ги тресат партиските послушници на Никола Груевски. Граѓаните на Прилеп се сведоци како Анастасија Илиеска, од позиција Државен секретар на МВР ја злоупотребила својата позиција за приватни цели. Нејзиното службено возило, сопственост на МВР, се користи за приватни цели и потреби од страна на нејзиниот сопруг.
Ваквото самоволие и непочитување на прописите во институцијата во којашто работи не е ништо ново за Анастасија Илиеска. Од кои причини беше времено суспендирана од работа во Управата за јавни приходи, пред да биде наградена со нова работна позиција во МВР, а сега и прв човек на УЈП од страна на ВМРО-ДПМНЕ?
На кој начин е стекнат нејзиниот семеен капитал, односно елитен деловен простор во строгиот центар на градот, огромна куќа во типската населба во Прилеп, солиден возен парк и кафе бар на три ката? Како може државен службеник со просечна плата од администрација да се стекне со толкав семеен имот?
Делумно одговорот на тоа може да се добие од завршната сметка на општина Кривогаштани за 2015 година, каде што е евидентирана набавка на спортска опрема во висина од 152.629,00 денари, преку фирмата ПАРЕНЦО ДОО во сопственост на сопругот на Анастасија Илиеска.
Директорката на УЈП, прилепчанката Анастасија Илиеска, треба да одговори како продавачот на патики и друга спортска опрема од бутикот на нејзиниот сопруг, успеа да се вработи во прилепската полиција?Доаѓа време кога извршителите на волјата на Никола Груевски на штета на граѓаните ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за сите злоупотреби. Доаѓа крајот на криминалните политики. Доаѓа слободна и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговора.
Илиеска го купила незаконски дуќанот во 2007-ма година, бил во државна сопственост, во агенцијата за приватизација формално пријавен на Центро Имекс Прилеп. Не е покрената постапка како го купила овој деловен простор. Локалната самоуправа и Миле Јанакиески и дале дозвола на Илиеска зад дуќанот да си направи проширување од 80 квадратни метри. Дуќанот од 1954 година бил сопственост на СИЗ за станување, а некогашен Центропромет биле кираџии тука. Со трансформација на Центро промет се оформиле повеќе друштва од кое и Центро Имекс, друштво кое ја наследило трговијата со прехрана од Центропромет, заедно со сите дуќани. Така газдарица станала извесна Нешка која подоцна се задолжила кај лихварот Бошко, инаку инспектор во УЈП. Парите од него земени со висока камата, не можела да му ги врати, па му го дала овој дуќан. Лихварот Бошко знаел дека не може да го легализира дуќанот, па го препродал.
12063652_426621790878471_5511745377613001480_n(1)
Како станала сопственичка на овој дуќан Анастасија Илиеска, може само да се претпоставува. Со сегашната дивоградба, дуќанот вреди околу 500.000 евра. Илиеска со уште еден пријател го купила за 120.000 евра и го имаат поделено на пола. За да немаат проблеми подоцна, во Агенцијата за приватизација го пријавиле како сопственост на ИМЕКС. До дуќанот на Анастасија е дуќанот на Жаре, другар на Миле Јанакиески, кој позади дуќанот има легализирано гаража, трансформирана во проширување на дуќанот. Во него е пицеријата ЛЕОНЕ, каде Миле е постојан гостин.
На јавноста сепак ќе и остане нејасно зошто Есмеров е сменет од функцијата само за една недела. Петар Есмеров беше прв човек на УЈП по назначувањето на претходниот директор Кирил Миноски за министер за финансии.
– Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе  продолжи да ја извршува директорската позиција во подрачната единица на Управата за јавни приходи – Скопје –  информира портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Извор : ЦентарЊуз