ДВОЛИЧНОСТА НА МИЦКОВСКИ НА ДЕЛО: ЦЕЛА НЕДЕЛА ПЛУКАШЕ ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН, СЕГА ВО БЕЛГРАД ПРЕД ВУЧИЌ ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ?!?!

0
1062

Цела недела ВМРО ДПМНЕ преку соопштенија и пресови ја исмеваше иницијативата ОТВОРЕН БАЛКАН, бараше оставка од Заев поради истата, ја нарекуваше неуспех, крах на меѓународната политика на Заев , Османи и Димитров, за сега по една недела да отиде во Белград на баци рака кај Вучиќ и да даде поддршка за проектот?!?!

ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение за денешната средба Мицковски – Вучиќ во Белград:

„Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите. Тој посочи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија. Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата ‘Мини Шенген‘ која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.