ДВЕ ИПОЛ ГОДИШНО ДЕТЕ , БОЛНО ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА, ЖИВЕЕ ВО МРАК ВО ВЕЛЕС И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕКУВА

0
1187

Две ипол годишната Лана , дете од Велес кое боледува од церебрална парализа, од вчера живее во мрак и не може да замине на рехабилитација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид-јави ДУМА. Во домот на Николови нема струја. Родителите немаат пари ни за пат ниту за потребната нега на детето додека треба да се лекува. И покрај тоа што државата го плаќа болничкиот престој ова велешко семејство западнало во тешка финансиска криза и нема моќ да го продолжи лекувањето на своето трето дете. Ристе Николов, татко и на Лана, е градежен работник кој цела година не работел.

dete-lana1473953068_thumb_medium490_0

Тоа финансиски го оптеретило неговото петчлено семејство. Тоа што Ристе работел за дневница, каде што ќе нашол работа, не било доволно да обезбеди храна, лекови, облека и да ги плати сметките за струја, вода како и ратите од кредитот.

– Работев кај што ќе најдам работа. Кај добри, чесни и домаќини луѓе но и кај нечесни. До ден денешен не можам да наплатам пари за еден дел на фасада што ја сработив. Моето најмало дете има потреба од лекување, средното Андреј нема патики а и најстарата ќерка, Верица е средношколка и има потреба од пари за на училиште. Имам и рати од кредит а и за неплатени две сметки од вчера домот ми е без струја. Незнам веќе што да сторам, неиздржлив е животот, ваков како што го живееме. Се трудам од петни жили а дури и храна не можам да обезбедам. Не можам да се помирам со судбината дека сега и Лана нема да оди на рехабилитација од која и зависи понатамошниот живот, рече разочарано Николов.

Тоа што во градот е познат како добар мајстор, фасадер, скромен сосед и чесен човек на Ристе веќе ништо не му значи. Очигледно беше дека бессоницата и проблемите многу му тежат.

– Лана не ја примија во градинка. Рекоа дека треба да чекаме оти немале доволно кадар, воспитувачки. За неа се грижи сопругата Зорица која работеше во конфекција пред Лана да се роди. Потоа мораше да си даде отказ и да се грижи за ќерката. Тоа финансиски не дотепа. Цела година живееме од парите што се државна помош за трето дете и моето надничарење. И не можеме да излеземе од оваа криза а ни треба помош. Овој месец јас се вработив и веднаш ми соопштија дека една третина ќе ми запираат за кредит, втора третина бара извршител а третата третина ќе остане за семејството. Децата ќе продолжат да ми гладуваат. За Лана сум најтажен, се обвинувам себе си за тоа што не можам на моето болно дете да му овозможам ни храна ниту рехабилитација, рече Николов.

Тој се срамеше додека ја раскажуваше својата животна приказна. Во раце ги држеше двете неплатени сметки за струја во вредност од 4.500 денари поради кои сега живеат во мрак. Замоли да не биде фотографиран додека зборуваше и очајнички побара помош:

Повеќе ТУКА