Дванаесет оздравени и двајца новозаболени од коронавирусот

0
915
Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 11-ти мај:
  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 2 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 234 лица;
  4. За време на викендот, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во општина Прилеп вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.