Да не се на службен пат насилниците?

0
1569

Обвителството на Зврлевски и полицијата се уште се во служба на терористите на Груевски.

Покрај злосторот што го видовме обвинуваат само за учество во толпа.
Идентификувале само 15 лица а полицијата успеала да приведе само 5 со иницијали како да се малолетници. Приведените уште не се сослушани и на ниту еден ме му е определен притвор.

Другите 10мина изгледа се веќе ” на службен пат” како Сеад Кочан.
А видовме како Груевски ги апсеше Љубе Бошковски, Саше Андоновски , Панде Лазаров и Велија Рамковски. Видивме како со лисици на рацете приведуваат луѓе од патарините обвинети за ситен криминал и многу други апсени во спектакуларни акции на полицијата, во телевизиско полициските спектакли.

Сега кога е во прашање бандата на Груевски нема ништо од тоа. ТВ Сител и другите поданички медиуми веќе не се заинтересирани да ги видат монструмите што тероризираа во Собранието со лисици или нивно спектакуларно апсење.
Е. Има разлика. И се уште нема правда.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов