ДА НЕ ОСТАНАТ ПОКУСО : GMAIL И GOOGLE DOCS ДОБИВААТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

0
427

Сакајќи да се натпреварува со Microsoft, кој имплементира ChatGPT во своите услуги, Google сега носи слична функционалност.

Потценување е да се каже дека вештачката интелигенција на компанијата OpenAI, ChatGPT, го потресе светот. Повеќе од 100 милиони луѓе ги испробаа можностите на овој чет-бот, а колку може да биде корисен, препознаа најголемите технолошки компании, како што е Microsoft, кои го имплементираа во своите услуги.

Меѓутоа, иако Google располага со најголем број податоци во светот, и иако поради вештачката интелигенција на која работи, инженер излезе во јавноста, тврдејќи дека е свесна, се добива впечаток дека компанијата е многу изненадена од популарноста и напредокот на технологијата што го напојува ChatGPT, но и од нејзината примена во услугите на Microsoft. За да не остане покусо, Google сега објави дека носи генерирање текст со помош на вештачка интелигенција во Gmail и Google Docs.

Кога станува збор за Google Docs, Google тврди дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе овозможи да се нацрта саканиот текст, покажувајќи пример во кој Docs создава драфт на опис на работа врз основа на многу кратко барање – слично на ChatGPT, само во рамките на апликацијата за обработка на текст.

Google исто така тврди дека идните повторувања на апликацијата Docs ќе вклучуваат можност за „споделување идеи, наоѓање грешки, пишување и уредување“ со помош на вештачка интелигенција.

Покрај Docs, Google воведе и функции за вештачка интелигенција во Gmail. Надоврзувајќи се на веќе достапните функции Smart Reply и Smart Compose, Gmail ќе може да ги прошири кратките пораки, како и да го менува изразот на поформален тон. Вештачката интелигенција исто така ќе може да скратува долги параграфи, да извлекува тези, како и да пишува драфт на е-пошта врз основа на кратка инструкција.

Алатките за вештачка интелигенција ќе им бидат достапни на одредени корисници од овој месец, по што нивната достапност ќе се прошири и на остатокот од корисничката база. Една од главните пораки испратени од Google за време на објавата е дека „ВИ не е замена за генијалноста, креативноста и интелигенцијата на вистинските луѓе“.

Во видеото подолу можете да видите како ќе изгледа користењето на вештачката интелигенција во услугите на Google:

Извор : Кајгана