ДА НЕ БЕА АЛБАНЦИТЕ, ЗЕМЈАВА СЕГА ЌЕ БЕШЕ БАЛКАНСКА БЕЛОРУСИЈА, ФЕЈСБУК И ТВИТЕР ЌЕ БЕШЕ ЗАБРАНЕТИ, ПРЕМИЕР 30 ГОДИНИ ЌЕ БЕШЕ СТРАШО АНГЕЛОВСКИ ОД МААК, ИЛИ УШТЕ ПОЛОШО, ЈАНКО БАЧЕВ!

0
2213

Ние Македонците не сме свесни колку Албанците не спасуваат од нашето лудило овие изминати 30 години.

Нашиот национализам и нашата неписменост и глупоќа ќе не однесеше право во прегратките на Путин ќе си бевме балканска белорусија, втора република српска, наместо Додиќ кај нас премиер 30 години ќе беше Страшо Ангеловски од МААК или уште полошо, Јанко Бачев!

Ќе возевме сите Москвич, социјалните мрежи ќе беа забранети, ќе имаше една телевизија со Латас водител на вестите или пак ќе имаше 10 копии на таа една и на сите водители ќе беа куртони попут Миленко, Јанко, Момировски…

Платите ќе беа дупло помали од сега, невработеноста наместо 25% ќе беше 50%, затворите ќе беа полни со политички затвореници, сите лидери на опозициски партии ќе завршеа како руските критичари на Путин, со куршум у чело или во зандана на 30 години робија или пак во прогон во странство!

Министер за транспорт ќе беше Ленин Јовановски од Ноќни Волци.

Директор на МТВ ќе беше Миленко.

Претседател на ЗНМ ќе беше Латас.

Мирка ќе беше претседателка на МАНУ!

Јанко Бурек ќе беше министер за култура и поглавар на МПЦ!

Министер за внатрешни ќе беше оној со ноктот лудакот Влахов Мицов.

Градоначалник на Скопје ќе беше Ацо Рембрант!

Димитар Апасиев ќе беше министер за надворешни работи и во моментов ќе имаше поднесено резолуција во ООН со иницијатива за повторно рестартитање на СССР!

Со бизнис ќе се бавеа само роднините и другарите на Страшо или Бачев. Криминалот ќе беше како во 90-тите во Србија, ќе се пукаа по улици секој ден и рекетари со бричени глави ќе беа главни фраери во градот.

Изборите ќе беа со излезност од 90% при што Страшо ќе тепаше со 85% од гласовите. За критики кон државата ќе се шепотеше и ќе се кодошеа сите против сите како во комунизмот.

Најголема среќа за Македонците е што Македоња не е на Македонците туку и на Албанците и сите други малцинства па тие не влечат напред како локомотива а ние се шплепаме и плачеме како Калимеро дека нема правда!