ДА КУПУВАШ, И ДА КУПУВАШ НА КРЕДИТ „ИМА РАЗЛИКА„

0
3156

12042068_1113997325277403_1821975963_n

Како и се друго во изминативе години, пропагандата која се шири како на централно, така и на локално ниво, во низ кредит закупениот медиумски простор во државата, дека оваа „власт„, гради, реализира, подобрува и сето тоа 24/7„ за разлика на некоја претходна која не е веќе на власт во изминатите 10 години, ме поттикна преку само еден пластичен пример од локално значење да покажам како власта манипулира со перцепцијата на граѓаните околу прашањето „кој, како и што прави за државата„ и се разбира колку не чини сето тоа.

Во месец Јули 2015 год.пред камерите на локалните медиуми и на социјалните мрежи, гордо застанаа Прилепските властодршци, од еден до последен и како ниту еден пред нив се испофалија за направените реформи и за вложените средства во Здравствениот дом Прилеп во набавка на нови две возила и дека инвестицијата чинела 1 милион и 600 илјади денари, сопствени средства на Здравствениот дом. Интересно е тоа што некои од нив на своите facebook профили покрај прикачените фотки за „чалам„ својот статус го збогатиле со свои зборови како „Ние со дела а СДСМ со клевети„.

ВИДЕО прилог за набавените возила на Здравествениот дом во Прилеп на следниот линк ОВДЕ

За таа цел до ЈЗУ Здравствен дом Прилеп беше поднесено Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое беше побарано да ни бидат доставени околу постапката за јавна набавка на двете нови возила и беше побаран доказ за нивната исплата од страна на Здравствен дом Прилеп на добавувачот.

baranje1

Очекувано од страна на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп ги добивме бараните податоци и од истите произлезе дека ЈЗУ Здравствен дом Прилеп всушност предметните возила ги купил на одложено плаќање-лизинг.

pokana1

Иако поентата со прибавување податоците од ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, првично беше да покажеме дека, едно е да купиш а сосема друго да купиш на кредит, од анализа на податоците произлезе и сосема поинаква дилема околу постапката за јавното наддавање.

Имено, со доставеното Известување Бр.03-827/2 од 09.09.2015 год. ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, дава нелогично објаснување дека некои од податоците за добавувачот Порше Лизин се бришани поради тоа што претставувале деловна тајна иако согласно Законот за јавните набавки јасно регулира дека доколку такви податоци кои претставуваат деловна тајна постојат, економскиот оператор е должен со тендерската документација да достави листа на доверливи податоци.

Во случајот таква не ни беше доставена но сепак е добиен одговор дека одредени податоци се бришани како деловна тајна. Имено податоците за правните лица се јавни и јавно достапни преку Централниот регистар на РМ согласно Законот за трговските друштва, ваквото објаснување на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, не натера малку подлабоко да ја анализираме постапката околу јавното наддавање.

baranje2

До ЈЗУ Здравствен дом Прилеп е поднесена ургенција кон веќе доставеното барање за информации од јавен карактер и се очекува одговор од Здравствениот дом за дополнување на документацијата која или не ни била доставена или нема ни да ни биде доставена на увид како информација од јавен карактер.
Како и да е, до наредното продолжение околу ловење на поентата „Да купиш и да купиш на кредит, има разлика„ сега за сега остануваме само на уловеното, дека „Рејтинг на лизин не се купува„.
Анализа на Адвокат Жарко Стеваноски