ДАРКО ГЕРАМИТЧИОСКИ : СДСМ ОД ОВОЈ ПОРАЗ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ МОРА ДА ЈА ПРИФАТИ РЕАЛНОСТА И ДА ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛЕН СО МЛАДИ ЛУЃЕ, НОВА ВИЗИЈА И ЕНЕРГИЈА И ДА ГИ ПРИДОБИЕ СИМПАТИИТЕ НА НАРОДОТ

0
1197

Бранко еднаш рече дека народот е секогаш во право, дури и кога греши.
Резултатот од овие локални избори во Прилеп носи толку силна порака која во никој случај не може и не смее да се толкува како грешка. Мораме да ја прифатиме волјата на мнозинството, да ги детектираме, и да извлечеме поука од грешките. Верувам дека во СДСМ има чесни луѓе со искуство и капацитет да научат од оваа лекција, како и млади луѓе со енергија и визија која повторно ќе ги привлечи симпатиите на народот.

Ви благодарам на сите кои ни дадовте поддршка.

На Д-р Борче Јовчески му ја честитам победата и му посакувам среќа во вршењето на функцијата Градоначалник.
Му ја честитам победата и на носителот на советничката листа Дејан Проданоски, како и на избраните претставници на граѓаните во Советот на Општината.

Фејсбук статус на советникот од редовите на СДСМ, Дарко Герамитчиоски.