Дали режимот ги активираше УДБАШКИТЕ врски за пиштолот на Бате Саше: Се фаќале силни врски кај Србите за Мијалков да биде пуштен на слобода!

0
1244

На силно инсистирање од врвот на Македонската влада, екс директорот на УБК, многу брзо по апсењето заради пиштол во неговата торба е пуштен на слобода, пишува Српски Курир.

Тој е пуштен заради жестоки интервенции од врвот на Македонската влада, тврдат за весникот добро информирани извори.

Курир пишува дека и Македонското МВР молело Мијалков да биде ослободен одма, без дополнителни прашања и проверки.

Српските колеги, пишува весникот, биле расположени да им излезат во пресрет, но се вмешало српското обвинителство кое не го дозволило тоа без претходна процедура која е задолжителна после ваков инцидент. Сепак после кратко задржување Мијалков бил пуштен.

Дневниот весник „Ало“ кој го пренесува и „Курир“ се повикува на изјава на новинарот Зоран Божиновски според која Мијалков тргнал за Загреб, но не тргнал од Скопје со директен лет туку преку Белград за да се сретне во главниот град на Србија со поранешниот директор на македонската царина и со, како што рекол, еден бугарски бизнисмен.
Причина за таа средба била да договорат финансирање на кампања на една партија во Хрватска.

Текстот во целост прочитајте го тука