Дали органските производи се навистина здрави?

0
1170

Бидејќи во последно време сè повеќе се зборува за органски производи, се запрашавме дали овие намирници се навистина здрави…

Како се добива органски производ?

За некој производ да биде со органско потекло, потребно е производството да биде строго контролирано, без синтетички хемиски средства, пестициди и ѓубриво. Органските производи не содржат конзерванси, емулгатори, вештачки бои или ароми, антибиотици, хормони и лекови, додека употребата на ГМО е забранета.

Органската храна е поздрава. Таа има повисока биолошка и нутритивна вредност – содржи повеќе витамини и минерали, омега 3-масни киселини, антиоксиданси и протеини. Од производите од животинско потекло, најголема е потрошувачката на органско млеко, кое во сè поголеми количества се продава во маркетите во повеќето земји во ЕУ, иако цената му е повисока за 25-40% од цената на млекото добиено во комерцијално производство.