ДАЛИ МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ГДУ?!

0
2064

Уште пред една година, Граѓанско Демократската Унија-ГДУ излезе со предлог во врска со патарините во нашата земја.
„Да се воведе еднократен паушален надомест за користење на автопатиштата без ограничување, кој овозможува тоа да го правите за време од 7 или 10 дена, еден месец или цела година, како што е во Швајцарија.“

ГДУ предложи да се воведат месечни, неделни и годишни претплати со налепници, со што граѓаните ќе заштедат, а метежот и чекањето на нашите патарини во критичните периоди да стане минато.

На 5 јуни, со остра критика и со ист предлог на својата фб страна произлезе и новинарот Миленко Неделковски:

„По повод огромниот инвестициски успех на владата на Заев – отворањето патарини, уште еднаш повелете емисија за патарини.
Математички прецизно.

На следните избори би размислил да гласам, доколку има партија која во програмата ветува воведување вињетки.
Во Швајцарија за цела година неограничено возење вињетката чини 35 eвра! Кај нас еднаш да отидеш од Скопје до Гевгелија кошта 5 евра!!!
А, сакавме ко Швајцарија да сме?!?!“, напиша Неделковски.

Трибуна прашува, ќе има ли слух Владата за овој проблем на граѓаните? Можеме ли навистина да бидеме „Швајцарија на Балканот“?