ДАЛИ ГАБРИЕЛА И “ПОИНАКУ’’ СЕ ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ВМРО – ДПМНЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО БИТОЛА?!

0
1667

Според извори на ,,Народен Глас” дознаваме дека се погласни се информациите дека Габриела од “ПОИНАКУ’’, актуелен советник во општина Битола и потенцијален кандидат за градоначалник на градот на конзулите, интензивно преговара со ВМРО –ДПМНЕ за заеднички настап на следните локални избори во Битола.

Според изворите, Габриела и “ПОИНАКУ’’ бараат во првите десет на предлог заедничка листа за советници да имаат двајца претставници, и кандидат за градоначалник да биде Габриела, бидејќи според анкетите, ниеден предвиден кандидат од ВМРО – ДПМНЕ, нема задоволителна поддршка од битолчани и членството.

Според внатрепартиските анкети, партијата е во незавидна состојба во врска со бројките за рејтингот во градот, ништо подобро не котира и рејтингот на Габриела со “ПОИНАКУ’’, поради тие причини, бидејќи власта е побитна од се, “НЕПРИЈАТЕЛИТЕ’’ заедно ќе ја освојуваат Битола.
Изјавите дека Битола е битна и дека неможе да бидеме послушници на Скопје, како што изгледа ситуацијата, изјавите веќе неважат – иако во континуитет Габриела и “ПОИНАКУ’’ ја потенцираат оваа констатација.

Дека власта е побитна од принципите, показател е тоа дека не се бираат сретства и партии за да се дојде на чело на Битола, со какви намери и интереси, никој не знае.

Габриела прв пат стана советник на листата на СДСМ, потоа поради тогашната актуелна состојба, вторпат стана советник преку “ПОИНАКУ’’, сега трет пат, апетитите се поголеми, Габриела сака да биде градоначалник на општина Битола преку ВМРО – ДПМНЕ.

Според логиката, Габриела и “ПОИНАКУ’’ не бираат сретства и начини како да бидат дел од локалната власт, битно е да бидат, популизмот и критиките кон едните и другите се невалидни и смешни, бидејќи играта се одвива и со едни и со други.

Иако “ПОИНАКУ’’ промовира поинакво делување и други принципи, на сите ни е позната ситуацијата со скандалот со пронајдениот глушец во пакување во еден познат маркет во Битола и во Македонија, каде што вториот советник во општина Битола од “ПОИНАКУ’’, се обиде да предизвика бесплатен маркетинг и изнуда на финансиски средтства, со цели само за него познати.

Според независната истрага и големите нелогичности во исказите и постираните слики на интернет, се дојде до официјален заклучок во извештајот од истрагата, дека воопшто немало појава на глушец во истакнатото пакување. Врз основа на наодите, има најави од страна на маркетот за соодветни правни мерки против советникот на “ПОИНАКУ’’.

Заклучокот е многу логичен, “ПОИНАКУ’’ воопшто не се поинаку,, тоа се гледа според терминологијата која се користи во нивните објави, според интригите и игрите кои се карактеристични за тие кои “ПОИНАКУ’’ ги напаѓа, и на крајот преговорите, договорите и болната амбиција за локална власт, по секоја цена и со секоја партија