ДАГАУ ГЕРО, ШТО ВЕЛИШ ЗА БОМБИВЕ ЗА ВМРОВЦИВЕ?! РОКААТ А?! ЌЕ НАПИШЕШ КОЛУМНА ЗА СИЛЕЏИИВЕ?! АУДИО : СПИСОЦИ СО ВРАБОТЕНИ ВО ТЕЛЕКОМ И ЗАКАНИ ОД ЈАНУШЕВ : ДАНЕЛА И ТОЈ РАТКО, ЖИМИ СЕ УТРЕ ЌЕ ГИ УБИЈАМ!

0
1061

На каналот „Обнова на режимот“ каде вчера за првпат беа објавени снимки со разговори меѓу носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица три, Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска се објавени нови два разговори именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.

Во првиот разговор се слуша како носителот на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, се заканува дека ќе убие извесни Даниела и Ратко. Разговарајќи за компјутерите, се споменува дека требало да бидат однесени во салата „Борис Трајковски“, со која во минатото раководеше директорот Ратко Капушевски. Во понатамошниот разговор Јанушев споменува дека гласал и се враќа кон Скопје.

Снимката почнува со Јанакиески кој вика: „Нема вика, нема во Буњаковец уште лаптопи однесено“, а на ова бурно реагира Јанушев: „Абе таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, нека помине денов утре ќе ги убијам. Вчера до 12 се расправавме со Ратко кај треба да бидат компјутерите.

Во разговорот „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“ се разговара за партиски списоци во кои се впишани вработени во Телеком. Според разговорот, тие се сортирани според склучените договори и треба да му се пратат на Жарко Луковски, поранешен извршен директор на компанијата и обвинет во случајот „Базни станици“ кој почина во ноември минатата година.

„Абе овој вика, Жарко Луковски, не си му ја пуштил листата на Телеком наредени по договор“, му вели Јанакиески на Јанушев, по што тој му одговара: „… Чекај да видам.. Не знам веќе на кого веќе што му е пратено. Лу-ков-ски. Само малце. Жарко Луковски… Како не сум му пуштил, сум му пуштил. И ти си баш во ЦЦ ставен. На 29 март“, а Јанакиески прашува: „Прочистен е?“, по што Јанушев одговара: „Чекај да отворам во секој случај. Ама мислам дека прочистен е. Финтата е да му пратам прочистено. Да бе шефе тие 2000 души ги дадоа дека се сите од Центар. Чекај уште еднш да отворам“, по што Јанакиески го коригира: „Не 2000, 700 …“. Понатаму, Јанушев вели: „Кај ја ставив Телеком… Телеком центар.. Таа е, 448 луѓе“.

Носителот на пратеничка листа Игор Јанушев во период од 2015 до 2017 година ја извршуваше функцијата директор на ЈСП – Скопје. Пред тоа работеше во Министерството за транспорт и врски, каде што министер беше Миле Јанакиевски.

Извор : А1он